|
7.09.2010. |
Првите ИКТ студентски олимписки игри ќе се случат на 25ти и 26ти септември 2010 година, а нивната цел е да бидат мега конкурс за вработување на најдобрите апсолвенти од сите образовни институции. Олиписките дисциплини се проверка на знаењето за Javа, .NET, EMbedded, компјутерски мрежи, бази на податоци, веб дизан и е-бизнис.
Официјално настанот е организиран од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), но во позадинат стојат неколку македонски ИТ компании кои ќе добијат база на податоци за секој натпреварувач и неговите способностите.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
7.09.2010. |
Светски познатата видеоигра Starcraft II веќе се користи при обуката на менаџери на престижниот универзитет на Флорида. Управата на Универзитетот решило наскоро да воведе нов предмет за студентите кои учат менаџмент.
Часовите по Starcraft II ќе можат да бидат посетувани единствено од студентите што имаат основни познавања на играта.
Овој семестар докторите по филозофија ќе го предаваат предметот „21st Century Skills in Starcraft“, што ќе го има само преку онлајн формат.
извор:А1
|
|
|
5.07.2010. |
Работата како осигурителен Агент е посакувана и со огромна можност за лична афирмација . Ви нудиме можност за Ваше вклучување во оваа работна активност , можност за самодокажување и секако многу повеќе можност за добра заработка .
Еве ги основните информации за оваа работна понуда :
Потребни квалификации::
- Исклучителни комуникациски и претприемачки способности;
- Тимска работа
- Најмалку средна стручна спрема
- Работа на компјутер
- Возачка дозвола “Б“ категорија
- Амбициозност
- Висока мотивираност.
- Самоувероност во работата
- Самоиницијатива и упорност
- Желба за напредување и едукација во работата
- Позитивен став кон работата
- Лојалност кон компанијата
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
1.06.2010. |
|
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип остварувајќи
ја својата мисија и својата визија, да произведува високо професионален
и квалитетен кадар, подготвен да го аплицира своето знаење во сите
сфери на општественото живеење, поддржувајќи го на тој начин
националниот економски развој и развојот на државата воопшто, има
особена чест да Ве покани на првиот „Саем за кариера“ кој што ќе се
одржи во Штип.
Целта на „Саемот за кариера“ е поврзување на бизнис секторот со
високото образование, Ваша лична промоција, и Ваш избор од наши студенти
за летна пракса во Вашата компанија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
28.05.2010. |
|
СТУДЕНТИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД СОСТОЈБИТЕ
Корупцијата во високото образование, нискиот студентски стандард, нередовната исплата на студентските стипендии и кредити, како и низата проблеми во средното и во основното образование, како што се проблемот со бесплатните учебници, изучувањето на македонскиот јазик за првачињата Албанци и уште редица други, ја одбележаа учебната година.
Вчера, по повод Денот на образованието, беа организирани повеќе трибини на кои студентските организации го изразија своето незадоволство од условите кои им ги нудат надлежните.
Годинава повторно се отвори прашањето за корумпираните професори, за кои дури 60 проценти од анкетираните граѓани се изјаснија дека ги има, но, сепак, повторно без реални индиции за нивно спречување. Студентите се плашат да ги пријават професорите, а Никола Тодоров, министерот за образование, посочи дека без конкретни пријави не може да стори ништо.
- Со паушални изјави од студентите не можеме да постигнеме ништо затоа директно мора да го посочат професорот што им побарал мито. Убеден сум дека најголем дел од оние што функционираат во образованието не се корумпирани и дека солидно, квалитетно, транспарентно и чесно си ја извршуваат работата. Проблемот е во една мала група поради која се креира ваква перцепција - рече Тодоров.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
10.05.2010. |
|
Коузон во соработка со најголемата асоцијација за избор на студенти за школување на Колеџи во САД отпочнува промоција на можностите за школување на овие афирмирани образовни институции. Изборот е голем и може да се најде образовна програма и дестинација за секој заинтересиран кандидат. На листата се повеќе од 140 Колеџи од сите држави на САД .
Оваа извонредна можност значи 3-годишно школување на реномирани COLEEGES ширум САД , со можност под завршувањето на Колеџот и запишување на 4 година ( директно ) на Универзитетско образование.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
8.04.2010. |
|
Студентската организација БЕСТ од Скопје (Борд на европски студенти по технологија) вчера и денеска го организира Шестиот саем за вработување и кариера. Саемот се одржува во холот на Машински факултет и во Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Најдобрите македонски и интернационални компании пред студентите ќе имаат свои презентации и интервјуа на кои апликантите ќе може да го остават своето си-ви и да ја почнат својата кариера. Свои штандови ќе имаат компаниите „Проктер и Гембл“, „Јуропиан патент офис“, ЕВН, „Сивус“ и други.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
22.03.2010. |
Трибина за воведување реформи во системот на студентско организирање најавена е за денеска од страна на Младинскиот образовен форум [МОФ].
На трибината ќе земат учество претставници од сите студентски сојузи на сите државни и приватни универзитети во Р. Македонија како и претставници на најрелевантните студентски организации кои делуваат на високообразовните институции.
Со овој настан МОФ изложува конструктивна критика на реформирањето на високото образование во соодветните институции во Република Македонија. Извор: Макфакс |
|
|
|