|
5.07.2010. |
Работата како осигурителен Агент е посакувана и со огромна можност за лична афирмација . Ви нудиме можност за Ваше вклучување во оваа работна активност , можност за самодокажување и секако многу повеќе можност за добра заработка .
Еве ги основните информации за оваа работна понуда :
Потребни квалификации::
- Исклучителни комуникациски и претприемачки способности;
- Тимска работа
- Најмалку средна стручна спрема
- Работа на компјутер
- Возачка дозвола “Б“ категорија
- Амбициозност
- Висока мотивираност.
- Самоувероност во работата
- Самоиницијатива и упорност
- Желба за напредување и едукација во работата
- Позитивен став кон работата
- Лојалност кон компанијата
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
1.06.2010. |
|
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип остварувајќи
ја својата мисија и својата визија, да произведува високо професионален
и квалитетен кадар, подготвен да го аплицира своето знаење во сите
сфери на општественото живеење, поддржувајќи го на тој начин
националниот економски развој и развојот на државата воопшто, има
особена чест да Ве покани на првиот „Саем за кариера“ кој што ќе се
одржи во Штип.
Целта на „Саемот за кариера“ е поврзување на бизнис секторот со
високото образование, Ваша лична промоција, и Ваш избор од наши студенти
за летна пракса во Вашата компанија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
28.05.2010. |
|
СТУДЕНТИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД СОСТОЈБИТЕ
Корупцијата во високото образование, нискиот студентски стандард, нередовната исплата на студентските стипендии и кредити, како и низата проблеми во средното и во основното образование, како што се проблемот со бесплатните учебници, изучувањето на македонскиот јазик за првачињата Албанци и уште редица други, ја одбележаа учебната година.
Вчера, по повод Денот на образованието, беа организирани повеќе трибини на кои студентските организации го изразија своето незадоволство од условите кои им ги нудат надлежните.
Годинава повторно се отвори прашањето за корумпираните професори, за кои дури 60 проценти од анкетираните граѓани се изјаснија дека ги има, но, сепак, повторно без реални индиции за нивно спречување. Студентите се плашат да ги пријават професорите, а Никола Тодоров, министерот за образование, посочи дека без конкретни пријави не може да стори ништо.
- Со паушални изјави од студентите не можеме да постигнеме ништо затоа директно мора да го посочат професорот што им побарал мито. Убеден сум дека најголем дел од оние што функционираат во образованието не се корумпирани и дека солидно, квалитетно, транспарентно и чесно си ја извршуваат работата. Проблемот е во една мала група поради која се креира ваква перцепција - рече Тодоров.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
10.05.2010. |
|
Коузон во соработка со најголемата асоцијација за избор на студенти за школување на Колеџи во САД отпочнува промоција на можностите за школување на овие афирмирани образовни институции. Изборот е голем и може да се најде образовна програма и дестинација за секој заинтересиран кандидат. На листата се повеќе од 140 Колеџи од сите држави на САД .
Оваа извонредна можност значи 3-годишно школување на реномирани COLEEGES ширум САД , со можност под завршувањето на Колеџот и запишување на 4 година ( директно ) на Универзитетско образование.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
8.04.2010. |
|
Студентската организација БЕСТ од Скопје (Борд на европски студенти по технологија) вчера и денеска го организира Шестиот саем за вработување и кариера. Саемот се одржува во холот на Машински факултет и во Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Најдобрите македонски и интернационални компании пред студентите ќе имаат свои презентации и интервјуа на кои апликантите ќе може да го остават своето си-ви и да ја почнат својата кариера. Свои штандови ќе имаат компаниите „Проктер и Гембл“, „Јуропиан патент офис“, ЕВН, „Сивус“ и други.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
22.03.2010. |
Трибина за воведување реформи во системот на студентско организирање најавена е за денеска од страна на Младинскиот образовен форум [МОФ].
На трибината ќе земат учество претставници од сите студентски сојузи на сите државни и приватни универзитети во Р. Македонија како и претставници на најрелевантните студентски организации кои делуваат на високообразовните институции.
Со овој настан МОФ изложува конструктивна критика на реформирањето на високото образование во соодветните институции во Република Македонија. Извор: Макфакс |
|
|
22.03.2010. |
|

Бараките што се дел од Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје се распаѓаат. Студентите сместени во овие бараки живеат со мизерни услови. Собите смрдат на мувла, прозорците и вратите не се затвораат... но, најстрашно е во тоалетите. Тие се вистинска закана за здравјето и потенцијален извор на зараза. Во ова можеше да се увери и ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, кој во саботата го посети овој студентски дом, при што беше згрозен од она што го виде на самото место. извор: Утрински |
|
|
22.01.2010. |
Од годинава студентите на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ ќе може преку студентска размена да учат на факултетите во земјите од Европската Унија. Европската комисија на овој универзитет му додели лиценца за вклучување во Еразмус-програмата која предвидува мобилност на студентите.
Од годинава студентите на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ ќе може преку студентска размена да учат на факултетите во земјите од Европската Унија. Европската комисија на овој универзитет му додели лиценца за вклучување во Еразмус-програмата која предвидува мобилност на студентите. Се очекува нејзината примена да започне во февруари, годинава, а ќе биде овозможена преку европскиот кредит трансфер систем кој дозволува на странски факултети да бидат признати кредитите што студентите ги добиваат слушајќи предмети во сопствената земја.
Персоналот тука контактира со универзитетот каде треба да се направи размената, се бираат студиските програми, предметите. Еден од условите е познавање на јазик. Се разбира студенти со повисок просек би имале предност кога би била конкуренцијата поголема. Но, тоа не е неоходен услов за да се оствари таквата размена
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
21.01.2010. |
Во Прага вечерва ќе се одбележи 41-годишнината од смртта на прашкиот студент, Јан Палах, кој на 16 јануари 1969 се самозапали на централниот плоштад во Прага Вацлавске Намести, како протест поради советската окупација на тогашна Чехословачка, јавува дописникот на Нетпрес од Прага. Дваесетгодишниот студент, кој стана симбол на чешкиот отпор почина три дена подоцна.
Во киното Аеро за вечерва е планирана филмска проекција на документарен филм. Во чешкиот сенат деновиве беше организирана изложба на фотографии од погребот на Палах организиран на 25 јануари 1969, на кој присуствуваа илјадници граѓани на Прага.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
13.01.2010. |
|
За студентите бруцоши чии семејства се сиромашни на утрешниот хуманитарен василичен коктел ќе бидат сорбарни средства за олеснување на школувањето
Хуманитарен василичен коктел организира Националниот совет на жени под покровителство на градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, утре, на 14 јануари од 12-13 часот, во хотелот Холидеј Ин во Скопје.
За таа пригода обезбедени се билети што чинат 50, 100 и 150 евра. Парите собрани за присуство на коктелот ќе бидат поделени на студентите-бруцоши чии семејства немаат пари за нивно школување, соопшуваат од Општина Центар
|
|
|