Со 13 факултети, една стручна школа, 50-тина студиски програми, грст различни наставни модули и 5000 студенти, државниот универзитет Гоце Делчев во Штип за само две години постоење постигна повеќе од планираното, истакна ректорот на овој универзитет проф. Д-р Саша Митрев во своето излагање на денешната свечената академија која се одржа во универзитетските простории, а по повод две годишнината од неговото основање. Со формирањето на универзитетот, образованието како темелна цивилизациска придобивка во развојот на општеството престана да биде имагинација за голем број на млади од источна Македонија констатира Митрев, подвлекувајќи дека 450 те вработени се подготвени да се фатат во костец со предизвиците кои се пред универзитетот. Сегашната бројка од 5000 студенти според Митрев во наредниот период двојно ќе се зголеми, а условите за студирање и извршување на научно истражувачката работа се подобруваат од ден во ден.
Раководството на универзитетот свети Кирил и Методиј смета дека не треба да расправа за саботните протести кога како организатори се јавија и дел од студентите на архитектонскиот факултет. Иако дел од професорите на сенатот бараа дискусија за протестите, за ректорот Велимир Стојковски писмените дописи од деканатот на архитектонскиот факултет и студентскиот сојуз во кој стои дека тие не се организатори се доволна причина да не се расправа за немирите, со што универзитетот не би се вовлекол во политика.
Претседателот на студентскиот сојуз Самоил Малчески по два дена го кажа својот став - немал информации дека студенти учествувале во протестот
Административниот совет на Универзитетот во Љубљана преку својот
фонд за стипендии одлучи да помогне дел од студентите на Универзитетот
„Св. Климент Охридски“ во Битола. Станува збор за Фонд за доделување
стипендии за универзитетите од Источна и Јужна Европа за академската
2009/2010 година. Стипендиите се наменети за сите студенти освен за
бруцошите. Ќе се доделат 70 стипендии во износ од по 400 евра месечно -
потврдуваат од Ректоратот на битолскиот универзитет.
Mar 05, 2009 - Au Pair in America, the nation's largest provider of
live-in child care, today announced a child care industry first, a
'Protection Plan against Job Loss'.
The plan allows Au Pair in America
host families to receive a substantial refund to keep their au pair for the
remainder of their contract, if one of the host parents loses their job.
THOUSANDS of au pairs from
numerous countries including Turkey
have been affected by tough new UK
immigration rules.
The UK Borders Agency ceased
the au pair system of coming to the UK at the end of last November,
deleting several kinds of visa systems at the same time. The au pair system has
been replaced with a new one called the Youth Mobility Scheme.
Under the Scheme, only those
wanting to work as au pairs from Australia,
New Zealand, Canada and Japan
will be eligible which means, according to last year’s statistics, will prevent
hundreds of Turkish nationals from coming to work as UK au pairs.
Почеток на постдипломски студии и отворање нови додипломски студиски програми на повеќето од 13-те факултети на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, најави на вчерашната прес-конференција ректорот на Универзитетот, Саша Митрев.
Од октомври бруцошите на Филолошкиот факултет ќе може да се запишуваат и на студиските програми по италијански, француски и грчки јазик.
На тринаесетте факултети во десет града во источна
Македонија, во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, идната
година ќе студираат 12.000 студенти. Оваа импозантна бројка ја најави
ректорот Саша Митрев на вчерашната прес-конференција.
Според
него, тоа било резултат на огромниот интерес на младите, главно, од
југоисточниот дел на државата, да студираат на факултети кои се блиску
до местата на нивните живеалишта.
Универзитетската управа,
имајќи ја предвид се' послабата материјална состојба на семејствата од
овој дел на Македонија, донела одлука за намалување на цената за
студентите со кофинансирање и за вонредните студенти од 500 на 400
евра.
Покрај ова, се укинува плаќањето за премин од еден на друг факултет во рамките на Универзитетот.
Со
цел да се намалат трошоците за студирање, Универзитетот отвора
сопствена издавачка дејност.
- Во присуство на студенти, професори и граѓани во Кочани денеска беа предадени во употреба просториите на Правниот факултет, како дел од Државниот универзитет „Гоце Делчев“ од Штип.
Обраќајќи им се на присутните, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Саша Митрев истакна дека функционирањето на Државниот универзитет во источна Македонија е од особено значење за овој дел од државата зошто нуди студиски програми на 13 факултети, една стручна школа со над 5.000 студенти и 400-ини вработени.
Голем број училишта, факултети и градинки на своите студенти или
ученици школарината и трошоците им ги наплаќаат во готовина и на рака,
а не преку жиро-сметка и без да се издаде потврда за платеното,
реагираат родителите. Готовина примаат и професорите, кои на своите
студенти им продаваат учебници од кабинет, а за извршената продажба не
им даваат фискална сметка. Дел од родителите, чиишто деца учат во
приватната гимназија „Нова“ изреволтирано ни објаснија дека
школарината, која е повеќе од илјада евра, не ја плаќаат преку
жиро-сметка, туку на рака, а за наплатата не добиваат фискална сметка.
- Неколку пати реагирав до одговорните во гимназијата дека сакам
школарината да ја платам преку жиро-сметка. Бидејќи сум адвокат, ги
предупредив дека ќе поднесам тужба, па мислејќи дека ќе ме замолчат ми
дадоа една од ратите да ја платам на жиро-сметка. Меѓутоа, со тоа ништо
не се измени бидејќи другите родители продолжија да плаќаат на рака, а
јас мојот син го запишав во друга гимназија - ни изјави мајката,
Силвија Џилвиџиева.
Студентите на техничкиот факултет во Битола плаќале за образовни и административни услуги и по основи што не се утврдени во усогласениот ценовник – така факултетот остварил 37 606 евра. Цената за упис на година иако на ист универзитет била различна во зависност дали студентот запишува година во Битола или на дисперзираните студии во Велес - па така студентите плаќале од 1050 до 2400 денари.
Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .
Основната цел на порталот е да ги собере на едно место сите можни информации за стипендиите и им ги стави на располагање на македонските граѓани . Исто така при креирањето наидејата за овој портал с еносевме од желбата да придонесеме и кон мобилноста на академската популација и демократизација на високото образование во Македонија... Повеќе
Kouzon - Student Service
Kouzon & Co. е агенција специјализирана за вработување и школување во странство на млади и студенти. Со Професионалноста изградена низ 9 годишното работно искуство, најдобрите понуди, реномето пред странските партнери и нашата љубезност Ви гарантираме успех во прифатените обврски.
Нашиот тим е подготвен да одговори на секое ваше барање, на секоја ваша идеја и се разбира на секоја потенцијална соработка. Оваа web страна ви е посветена Вам, како предуслов за избор на програмата за која би аплицирање, но и како можност за едуцирање... Повеќе