|
26.01.2009. |
Датумот
25 јануари, дефинитивно влегува во историјата на македонската музика.
Најважната причина е што на тој ден пред 28 години е роден нашиот
најдобар пејач, а од синоќа имаме уште една - промоцијата на неговиот
прв албум на англиски јазик, кој ќе остане да се памети како моќен
потенцијален почеток на една трагично сопрена светска кариера.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
22.01.2009. |
|
Македонска
студентска делегација од 50 члена денеска протестираше пред зградата на
европската комисија за што поскоро укинување на визите.
Со
поставување ограда што ја претставува границата тие покажаа како се
чувствуваат македонските студенти поради високиот шенгенски ѕид
изграден околу Македонија.
Протестот е во рамки на акцијата
„Виза! Нема шанса!“ што ја спроведоа група од 40-тина младински
здруженија и студентски организации.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
20.01.2009. |
Победникот на американските претседателски избори,
Барак Обама, денеска ќе положи заклетва како 44. претседател на САД и
со тоа официјално ќе ја преземе должноста од Џорџ Буш.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
20.01.2009. |
Хрватскиот
интернет портал Индекс постави досега необјавени делови од
документарниот филм за нашата музичка легенда, кој треба да биде
промовиран на 25 јануари во Скопје, заедно со албумот „The Hardest
Thing“. Филмот е неодамна целосно завршен, а сценарист и режисер е
Словенецот Боштјан Слатеншек.

По
скопската премиера, двата многу важни проекта ќе бидат претставени во
Белград (26 јануари), Загреб (27), Љубљана (28) и Сараево (29).
Менаџерката Љиљана Петровиќ и продуцентот на песните за цедето, Енди
Рајт од Англија ќе присуствуваат на сите промоции.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
15.01.2009. |
Прекрасна можност да работите како спасувач во комплексите од базени на POOL MANAGEMENT GROUP и PREMIER AQUATICS, двете најголеми компании за регрутирање на спасувачи во USA.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
15.01.2009. |
|
Нови масовни протести денеска ќе се одржат во Атина, организирани од
страна на учениците, студентите и наставниците, а истовремено овојпат
со нив ќе излезе и полицијата, која планира одвоени демонстрации,
објавија грчките медиуми.
Штрајкот на полицајците е по иницијатива на нивните
синдикални организации, кои денеска на пладне во центарот на Атина ќе
ги осудат појавите на насилство во земјата и категорично ќе изјават
дека социјалните проблеми не можат да се решат со репресивни мерки.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
15.01.2009. |
|
Поголема група
студенти и млади се судрија денеска пред бугарскиот парламент со силите на
редот, кои приведоа најмалку 53 лица.
Во судирите има и повредени, меѓу
кои и шест полицајци, јави агенцијата Бгнес.
Учесниците на протестот, околу 500,
уништија неколку полициски возила, а ја каменуваа и зградата на бугарскиот
парламент.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
13.01.2009. |
Универзитетските професори од Скопскиот универзитет ќе можат да предаваат на другите јавни високообразовни институции само до крајот на оваа академска година. За приватните - ангажманот треба да им престане заклучно тековниот семестар е одлуката која денеска ја донесе Ректоратот на универзитетот „св. Кирил и Методиј“. - Може да станува збор за помош и за соработка - ако некој универзитет има 10,а му требаат уште 2 професори, па да се договориме да им помогнеме додека не добијат сопствен кадар, но да се отвораат цели студиски групи на сметка на универзитетот „св. Кирил и Методиј“, е неакадемскки - вели Велимир Стојковски ректор на, универзитетот „св. Кирил и Методиј“. | |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
12.01.2009. |
Групацијата
Дал Фуфо во вторник (13 јануари) на големиот верски празник Василица,
ќе ја прослави 25 годишнината од своето постоење. Она што пред
25 години започна како првиот ресторан пицерија денес е една од
водечките угостителски компании во Република Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
12.01.2009. |
|
Скопје, 12 јануари (МИА)
- Првпат на македонски јазик се објавени капитални дела од областа на
политичките науки, во рамки на владиниот проект за превод на 500
стручни и научни книги кои се користат на десетте најреномирани
универзитети во САД, Франција, Германија и Велика Британија. Достапни
за професорите, научниците и за студентите отсега на македонски јазик
ќе бидат изданијата на познати политолози и влијателни теоретичари за
меѓународни односи во светот, како Џозеф Нај, Џовани Сартори, Ендрју
Хејвуд, Дејвид Хелд...
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 61 - 70 од 97 |