|
1.12.2008. |
Македонските студенти ќе испратат петиција до институциите во Брисел,
во која ќе побараат укинување на Шенгенскиот ѕид кон Македонија.
Петицијата, која студентите ќе ја потпишуваат од 2 до 12 декември, е во
рамки на акцијата што група младински здруженија и студентски
организација ќе ја организираат под мото „Виза?!Нема шанси!!!“.
Детали за акцијата треба да бидат соопштени денеска на прес конференција во Скопје,
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
21.11.2008. |
|
Околу 3.000
студенти од државниот Правен факултет и Факултетот за Социјални науки во Тирана
ја прекинаа наставата поради опасност од рушење на универзитетската зграда,
јави дописникот на Макфакс...
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
14.11.2008. |
Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
продолжува со традиционалното претставување на добитниците на
Нобеловата награда за економија, која годинава му беше доделена на
познатиот американски професор Пол Кругман.
Денес во 12 часот во амфитеатар 1 ќе се одржи пригодно предавање за
годинашниот нобеловец, а овој пат одбележувањето ќе биде збогатено и со
промовирање на второто издание на делото „Нобеловци по економија
(1969-2008)“, под редакција на академик Таки Фити, а во чија изработка
учествуваа 25 професори на Економскиот факултет.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
10.11.2008. |
|
Министерството за образование и наука за учебната 2008/09 година ќе
додели 1600 студентски кредити за студенти од јавните и приватните
универзитети и високообразовни установи во Македонија. Од предвидените
1600 кредити, 1360 студентски кредити се за студенти од јавните
универзитети и 240 студентски кредити за студенти од приватните
универзитети и високообразовни установи.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
3.11.2008. |
Сто дваесет и пет талентирани студенти по информатика од државните и од
приватните универзитети во Македонија годинава добија стипендии од
Владата. Договорите за стипендии со месечен износ од 5.500 денари што
ќе ги добиваат девет месеци за време на студиската година, денеска
свечено им ги врачија министрите за образование и наука и за
информатичко општество Перо Стојановски и Иво Ивановски.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
29.10.2008. |
Со фиксна сума од 200 евра годишна партиципација на државните
универзитети, Македонија е една од земјите каде што со ниска школарина
се доаѓа до диплома. Според европските статистики, со малата школарина
на земјава и' парираат Бугарија, каде што студирањето на државен
универзитет чини од 50 до 200 евра годишно, и Унгарија, каде што
месечното студирање се наплаќа по сума од 16 до 48 евра.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
21.10.2008. |
Економско образование на млади менаџери - Junior Achievement,
Македонија, во соработка со Државниот универзитет од Тетово
(www.unite.edu.mk), доби грант од Амбасада на САД во Скопје,
Македонија, (http://macedonia.usembassy.gov) со цел да го промовира
претприемништвото помеѓу универзитетските студенти на додипломски и
последипломски студии.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
16.10.2008. |
Остануваат само уште неколку денови пред да почне реализацијата на
најавените презентации на Walt Disney World програмите во соработка со
едни од најреномираните Универзитети на Флорида: Central Michigan
University и University of Central Florida.
Искористете ја оваа можност и бидете дел од 25,000 студенти која секоја
година земаат учество во овие програми, го надградуваат своето знање,
се стекнуваат со интернационално признати кредити и обавуваат практична
работа во еден од парковите на Walt Disney World, во Орландо Флорида.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
16.10.2008. |
Сите студенти кои до 15-ти ноември ќе запишат последна година на
државните и приватните акредитирани универзитети ќе добијат вредносни
ваучери од 15 илјади и 500 денари со кои ќе можат да купат компјутер.
Во програмата можат да се вклучат сите ИТ-фирми во земјава.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
14.10.2008. |
Владата не се откажува од идејата за отворање на факултетите
во Виница, Радовиш и Пробиштип иако интересот за студирање на
техничките науки е мал. На трите факултети досега има пријавено 70-тина
студенти.
За идните бруцоши на техничките науки се уште се адаптира
просторот, па најавите се дека академската година за нив ќе почне
подоцна. Во Пробиштип за студентите на техничко технолошкиот факултет
обезбедена е зграда од фабриката за акумулатори, во Радовиш
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 81 - 90 од 97 |