|
23.11.2009. |
На универзитетите во американската сојузна држава Калифорнија избија масивни протести на студентите кои се противат на одлуката да се зголеми студентската партиципација за повеќе од 32 отсто.
Околу 100 демонстрати на американските кампуси се уапсени во текот на изминатите два дена, од кога траат протестите.
Стотици студенти зазедоа зграда на познатиот универзитет во Калифорнија во Беркли кај Сан Франциско. Протести има и во Лос
Анџелес.
Факултетите својата одлука ја оправдаа со намалувањето на државната помош за околу една милијарда долари. Студентите бараат бесплатно образование и враќање на средствата
|
|
|
20.07.2009. |
Најдобрите 18 студенти од завршните години на факултетите низ Македонија добија бесплатни шенген-визи за патување низ Европа  „Целта на проектот ’Патуваме во Европа’ е 18 членки од Македонија преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските предности, навики и култури на другите земји и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија“, изјавија од Граѓанската асоцијација МОСТ, што го организираат овој проект. Ова е трета генерација на студенти кои ја искористиле оваа предност да патуваат во Европа. Досега 60 студенти во текот на изминатите три години биле учесници во овој регионален проект во кој студентите од Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија ги претставуваат нивните земји во Европа. Студентите добија Inter Rail карта за едномесечно патување низ Европа. Нивното патување ќе започне во среда со тридневен престој во Берлин, што е голема чест за претставникот на Германската амбасада во Скопје, Соња Боне, која ја донираше бесплатната шенген-виза. „Имаме и причина да бидеме и малку нажалени денеска, бидејќи оваа е последна година во која ние можеме да ви помогнеме со вашите патувачки визи“, изјави Боне, нагласувајќи ја предноста што со себе ја носи визната либерализација. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
21.05.2009. |
Студентите од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, денеска ќе протестираат пред ректоратот во Скопје.
Како што е најавено, тие на овој чекор се решиле поради превисоката партиципација за студентите во државната квота. Со денешниот протест, студентите пред ректоратот ќе побараат укинување на партиципацијата за државната квота, подобрување на условите во студентските домови како и социјалниот стандард.
Истот така денеска во Тетово се најавени студенски протести од студентите на Државниот Универзитет во Тетово. .
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
5.05.2009. |
Бордот на Европската студентска унија од 22 до 25 април во Брисел усвои Декларација за визна либерализација за македонските студенти, информира денеска на прес-конференција претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Самоил Малчевски.
Декларациајта, додаде тој, вчера била испратена до сите европратеници и од некои веќе добиле одговор за поддршката за визна либерализација за македонските студенти.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
4.05.2009. |
Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, односно на Катедрата по англиски јазик и книжевност по предметот граматика на англиски јазик – лексикологија, осомничен е за примање поткуп во износ од 600 евра. Според МВР, редовниот професор Љ.С. (59) ги примил парите од студентка во трета година што требало да полага испит кај него.
Една од студентките неколку пати го полагала испитот кај него, па побарала консултации.
Професорот одговорил дека може да го положи испитот, а за да не запише повторно иста година и да плати 250 евра, парите да му ги даде нему. За три одржани консултации студентката требало да му плати по 80 евра. Кога го положила писмениот дел, повторно отишла кај професорот на консултации, а тој и' ги дал прашањата за усниот дел.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
28.04.2009. |
Македонската Влада и Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН во Женева потпишаа договор со кој македонските професори, научници но и студенти можат да учествуваат во истражувачките проекти.
Во ЦЕРН потекна глобалната интернет мрежа, а во тек е најголемиот и најсложениот експеримент кој се однесува на тајните на создавањето на вселената.
Меѓу професорите за елементарна физика, астрофизика и космологија кои работат на експериментот, е и професорот Златко Димчовски, чиј што изум е дел од гигантскиот хадронски акцелератор.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
28.04.2009. |
Студентите на Правниот факултет во Сплит изутрината им се придружија на своите колеги од повеќе градови во Хрватска, кои веќе една недела протестираат барајќи бесплатно образование за сите.
Тие ја запоседнаа факултетската зграда, а деканот им даде поддршка нагласувајќи дека Хрватска е демократска земја, која на студентите им дозволува и таков начин на барање права.
Студентите се надеваат дека нивната борба ќе донесе резултати и конечно сите ќе можат да студираат она што сакаат без оглед на платежната моќ.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
27.04.2009. |
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола со низа свечености и манифестации ja одбележува триесетгодишнината своето формирање
Одлуката за формирање на вториот државен универзитет во Македонија со седиште во Битола е донесена на 25 април 1979 г., на основачко собрание, со која доброволно се здружиле тогашните високообразоавни и научни институции, Економски факултет од Прилеп, Правен факултет-Битола, Технички факултет-Битола, Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Виша земјоделска школа-Битола, Педагошка академија-Битола, Институтот за тутун од Прилеп и Хидробиолошкот завод од Охрид, а за прв ректор е избран д-р Стеван Габер.
Во првата академска година на Битолскиот универзитетот биле запишани 1.959 редовни и 1.044 вонредни студенти, за кои биле ангажирани 126 наставници во редовен работен однос, а од нив само 26 доктори на науки и 45 магистри.
Вториот македонски универзитет на 8 декември 1994 г. беше преименуван во Универзитет „Свети Климент Охридски“, а оттогаш овој ден се одбележува како патронен празник на битолскиот универзитет.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
23.04.2009. |
Во соби со искршени чешми и приклучници, валкани тоалети, испукани ѕидови и тавани, со бубалки, а неретко и глувци, академскиот живот го поминуваат повеќе од 5.000 студенти во скопските домови. Иако повеќето влади најавуваа реновирање на домовите, досега ништо не е сторено, а објектите стари и по неколку децении станаа опасни за животот на идните правници, економисти, лекари и инженери. Во Студентскиот дом „Стив Наумов“ е реновирана само една зграда, машка, а бараките кои требаше да се урнат уште пред неколку години и на нивно место да се изгради нов дом, со месеци се собиралишта на наркомани и на бездомници. Другите студентски домови се исто така запоставени и се соочуваат со големи проблеми.
За колку толку да си го олеснат животот за време на студирањето, студентите мора сами да си ги реновираат собите, да варосуваат, а неретко и да ја поправаат застарената електрична инсталација. Студентите се жалат дека сами ги санираат ѕидовите затоа што во спротивно постои голема опасност таванот да им падне врз глава. - Веќе неколкупати ни се поплавија собите и сега секое утро очекуваме да чекориме по вода - изјавуваат студенти сместени во домот „Кузман Јосифовски-Питу“. Тие реагираат дека секојпат кога врне, во мензите мора да седат со чадори затоа што таваните пропуштаат.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
21.04.2009. |
Универзитетот на Југоисточна Европа се повеќе станува привлечно место за студирање и за младите од земјите во регионот.
Да стекнат високо образование, доаѓаат пред се студенти од универзитети кои имаат соработка со Штуловиот унивезритет. Со оглед на можноста да се студира на англиски јазик се надминуваат и јазичните бариери.
Еден од унивезритетите со кои се соработува е државниот унивезритет со седиште во главниот град на Турција, Анкара, чии претставници денес беа на гости во Тетово. Раководствата дискутирааа за новите можни начини на соработка.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|