| Гугл се грижи да не испратите меил во пијана состојба |
| 9.10.2008. | |
|
Google на сите корисници на својата бесплатна пошта Gmail им ја нуди оваа прилично духовита услуга. Под називот Mail Goggles се крие дополнителниот сервис, кој уште пред да го испратите меилот ќе провери дали “сите даски Ви се на број”. Вклучете го додатокот Mail Goggles во внатрешноста на својот Gmail налог, и истиот во определено време од денот, пред испраќањето на секој меил ќе Ви зададе некој логички или математички тест. Стандардно оваа услуга е активна само во текот на ноќните часови за време на викендот, но постои можност и сами да си го определите времето на нејзината активност.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|


Сосем е сигурно дека некогаш Ви се случило да испратите некое писмо по е-пошта и подоцна да зажалите поради тоа. Во причините зошто тоа сте го направиле, не сакаме да навлегуваме, но најновата услуга од Google или поточно дополнителниот сервис на Gmail, ќе се обиде да се осигура дека сте при здрав памет и чиста совест пред воопшто и да го испратите меилот.





Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .