| Бегалецот од ресторанот го пронашол на Фејсбук |
| 1.12.2008. | |
|
Сопственикот на еден ресторан во Мелбурн успеал на Фејсбук да го пронајде мажот кој во неговиот ресторан потрошил 520 австралиски долари на храна и пиење, а потоа побегнал без да ја плати сметката, пренесува Макфакс. Имено, посетителот во ресторанот дошол со четворица пријатели, направил сметка од 520 долари, а потоа излегол надвор да запали цигари и побегнал. “Се сетив дека праша за една келнерка која таа вечер не работеше“, раскажува сопственикот на ресторанот Питер Лери. Откако го открил името, го пронашол споменатиот маж на Фејсбук, дознал каде работи и како се вика неговата девојка, која, исто така, била во ресторанот спорната вечер. Потоа му се јавил на шефот на својот должник и му го објаснил својот проблем. Шефот го донел работникот во ресторанот, мажот ја платил сметката, дал и богат бакшиш на вработените, но тоа не го спасило од отказ. Како што изјавил Лери, мажот на Фејсбук во личните податоци се уште не објавил дека е – невработен. |
| < Претходно | Следно > |
|---|






Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .