|
Најнова понуда за студентите заинтересирани за Work & Travel програмите |
|
15.01.2009. |
|
ПРЕКРАСНА МОЖНОСТ ДА РАБОТИТЕ КАКО СПАСУВАЧ ВО КОМПЛЕКСИТЕ ОД БАЗЕНИ НА POOL MANAGEMENT GROUP и PREMIER AQUATICS, ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ЗА РЕГРУТИРАЊЕ НА СПАСУВАЧИ ВО УСА.
POOL MANAGEMENT GROUP и PREMIER AQUATICS се сопственици на комплекси базени ширум цела Америка.
ЕВЕ НЕКОИ ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОВИЕ КОМПАНИИ И РАБОТАТА ШТО ЈА НУДАТ
Premier
Aquatics со седиште во Ферфакс Вирџинија (Fairfax, Virginia),
предградие на Вашингтон. Работа како спасувач се нуди во самиот град
или во околината на градот, со тоа што ќе имате можност целосно да ја
запознаете околината на Вашингтон. Во зависност од работната задача,
локацијата за работа може да биде оддалечена од 2 до 30 милји од градот.
- Со автомобил, оддалечени сме околу 4 часа од Нујорк и 3 часа од Оушн
Сити, Мериленд.
- Јавниот превоз функционира добро на сите локации, иако многу студенти преферираат да користат велосипед.
- Спасувачите
се платени $8.00 од час. Прво треба да се помине курс за спасувачи за
што е потребно да сте добар пливач. Од Вас ќе биде побарано да
испливате 500 метри слободен стил и градно.
- Примаме
групи од повеќе студенти и парови, во група најмногу до 6 луѓе,
максимален број на луѓе кои можат да живеат во еден апартман.
- Апартманите
се целосно опремени, имаат кујна и кујнски помагала, а месечната кирија
е $380 за едно лице. Дојдете, поминете едно лето со нас и стекнете едно
незаборавно искуство.
Pool Management Group
The Pool Management Group работи во над 900 отворени базени во 18
градови во САД. Во овој бизнис сме веќе 25 години и Ви ја нудиме оваа
можност одблизу да се запознаете со Американскиот начин на живот.
Локациите за работа се безбедни и сигурни места во предградијата.
Бесплатна униформа и тренинг
Трошоците за униформата и тренингот ќе ви бидат вратени на крајот од
Вашиот работен договор доколку останете до истекот на договорот.
Ние исто така Ви нудиме бесплатен тренинг за спасувачи откога ќе пристигнете во САД.
Компензација
Ви нудиме единствен работен план во кој е предвидено студентите да
работат најмалку 45-60 часа неделно; можност за прекувремена работа е
загарантирана на сите локации на PMG. Ви гарантираме дека ќе ги добиете
часовите за работа предвидени со договорот и ќе ви платиме 1.5. пати
повисока сума од регуларната саатнина за секој саат над 40 часови
неделно. Основната саатнина е $7.00 to $9.00 со можност за добивање
бонуси.Сите локации на PMG предвидуваат плажање бонус за секој изработен саат во текот на летото во висина од $0.25 to $0.50 за изработен час.
|