| Влатко на мини-турнеја низ Македонија |
| 16.02.2009. | |
Нашиот
најреномиран музичар ќе одржи серија концерти низ македонските градови
со своето трио. Тоа е можност за уживање во различни музички правци.Турнејата почнува на 6 март со свирка во Струмица, а ќе продолжи на 7 март во Битола, 13 март во Гостивар, 14 март во Прилеп и ќе заврши на 25 март во Куманово. Пред тоа, Стефановски ќе настапи со триото на 19 февруари во Љубљана и на 27 февруари во Нови Сад, а на 4 март има закажан концерт во Истанбул заедно со турскиот музичар Кудси Ергунер, кој ги истражува корените на таканаречената отоманска музика и е еден од најценетите ворд музичари во светот. Со децении живее во Париз и има соработувано со Питер Габриел, Жан-Мишел Жар, Морис Бежар, Питер Брук и многу други музичари и филмски автори. По македонската мини-турнеја, Влатко ќе свири заедно со Мирослав Тадиќ, Теодоси Спасов и Тонкунстлер оркестер во Виена на 30 март, додека солистички концерт ќе има на 4 април во словенечкиот град Птуј. |
| < Претходно | Следно > |
|---|


Нашиот
најреномиран музичар ќе одржи серија концерти низ македонските градови
со своето трио. Тоа е можност за уживање во различни музички правци.



Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .