| Виното го зголемува ризикот од рак на дојка |
| 16.03.2009. | |
|
Иако некои досегашни истражувања веќе покажале дека во принцип конзумирањето алкохол го зголемува ризикот од рак на дојката, добрата репутација на црното вино (како пијалок кој на пример го намалува ризикот од срцеви болести и рак на простатата) ги наведе експертите од Сиетл да проверат дали тоа евентуално има некој позитивен ефект и кај ракот на дојката. Се покажа дека ниту црното, ниту белото вино, не само што не го намалуваат ризикот од рак на дојката, туку го зголемуваат, пренесува МИА. Анализирајќи ги навиките во пиење на 6.237 жени со рак на дојка и 7.558 здрави жени на возраст меѓу 20 и 69 години, екипата од Сиетл, на чело со доктор Поли Њукомб, дојде до заклучок дека оние кои пијат 14 или повеќе алкохолни пијалоци неделно, без оглед дали се работи за црно или бело вино, жесток алкохол или пиво, се изложени на 24% поголем ризик да се разболат од рак на дојката. |
| < Претходно | Следно > |
|---|


И црното и белото вино еднакво се штетни кога се работи за
зголемување на ризикот од заболување од рак на дојка, заклучија
експертите од Истражувачкиот центар за рак „Фред Хачинсон“ од Сиетл,
САД.




Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .