| Научници предупредуваат за неповратни промени во климата |
| 16.03.2009. | |
|
Околу 2.000 експерти за климата, чија тридневна средба во Копенхаген заврши синоќа, ги повикаа политичарите неодложно да ги искористат расположливите економски и технолошки средства, за да ги намалат емисиите на штетни гасови, соопшти МИА. Експертите ги поддржаа и дури и ги засилија прогнозите во извештајот на Меѓувладината група за климатски промени од 2007 година, пред преговорите под покровителство на ОН во декември оваа година за нов глобален договор за климатските промени на местото на Протоколот од Кјото. Меѓувладината група смета дека нивото на светскиот океан ќе се зголеми за 18 до 59 сантиметри до крајот на векот. Тоа ќе доведе до поплави на реони со помала надморска височина и ќе принуди милиони луѓе да се преселат. Понови истражувања, меѓутоа, кои беа претставени на средбата, покажуваат дека глечерите и сантите мраз кои се топат можат да предизвикаат зголемување на нивото на океанот за 50 сантиметри до еден метар. |
| < Претходно | Следно > |
|---|


Стотици водечки научници во светот предупредија синоќа дека
глобалното затоплување настапува многу побрзо од очекуваното и се
заканува да предизвика неповратни климатски промени на планетата.




Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .