|
"Сленг" и "Екипата" во Кастро |
|
25.03.2009. |
|
Во сабота, 28ми Март во клубот Кастро ќе настапат групите Сленг од Охрид и Екипата од Тетово.
Сленг
е хип хоп бенд составен од членовите на Urban Minds појачани со Cerber
и Кире Марин. Urban Minds постојат од 2006 и од тогаш имаат издадено
неколку синглови. Од 2008 работат на својот прв албум продуциран од
Sustain Records кој би требало да излезе во мај 2009.
Како Сленг учествуваа на Скопје Фест 2009 (избор за песна на
Евровизија) при што беа на второ место според гласовите од публиката, а
според гласовите на жирито и публиката беа петти.
Песната Gangsta oro е ѓоа хит. Јас како голем непочитувач на Скопје
Фест, Нота Фест, Мак Фест и слично немам појма како звучат, ама викаат
дека биле забавни со хумористични текстови и некој мутант-етно звук.
Сленг се:
Наум Размоски и Горан Гулески (Urban Minds)
Климент Србиноски ( Cerber )
Кирил Марин
Како предгрупа на Сленг ќе настапи Екипата, хип хоп група од Тетово.
Почеток во 21:00, влез 150 денари.
|