|
Рок фест 2009 на две сцени |
|
26.03.2009. |
|
Утрешното, 26.март.2009, издание на Рок Фест 2009 ќе има двојна програма.
Едната, регуларната, ќе биде во холот на МКЦ со почеток во 21 часот. Се
работи за натпреварувачкиот дел на кој ќе настапат скопските групи,
„Амброз” и „Beyond the Horizon”, како и „Red Rose” од Делчево и
„Complex Disorder” од Куманово.
Како специјален гостин на вечерта, вон натпреварувачката конкуенција, ќе настапи „ДНО”.
Пред почетокот на натпреварувачкиот дел, со своја екпериментална
програма на електрична гитара ќе се претстави гитаристот Гордан
Станковски кој ќе исполни неколку авторски композиции за гитара и
оркестар.
Втората програма ќе се одвива во киното „Фросина” со почеток во 20
часот. Ќе можете да го проследите настапот на Ѓорѓи Мишковски со својот
проектот наречен ТАРДИС. Тој ќе претстави песни кои се дел од неговиот
првенец „Journey to Dreamland“ како и песни кои ги подготвува за
албумот кој треба да излезе наскоро. Исто така, ќе бидат претставени
дел од нумерите кои настанаа во соработка со виртуозот на хармоника
Горан Алачки што ќе бидат издадени годинава на американскиот музички
пазар.
Сите кои што ќе присуствуваат на делот од програмата во киното
„Фросина”, со истата карта ќе може да го следат и натпреварувачкиот
дел, што ќе се случува во холот на МКЦ.
|