| ОТВОРЕН САЕМОТ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА |
| 10.04.2009. | |
|
ЕУ-факултети бараат наши студенти Годишните цени за студии во странство се движат од 800 до 8.000 евра за додипломски студии. За Универзитетот во Милано студентите плаќаат од 800 до 3.300 евра. На Централноевропскиот и на холандските универзитети цената за студии изнесува 8.000 евра. Секоја од овие институции нуди и стипендии со кои би се покриле половина или целосно трошоците на студентите што би аплицирале. Професорот од холандскиот универзитет Саксион, Ханс ван дер Велден, вели дека нашата земја е неистражен регион и поради малиот број наши студенти решиле годинава да се промовираат и да разгледаат дали и колку се нашите студенти заинтересирани за студирање надвор. - Десет отсто од студентите кај нас се од странство, од азиските земји и во најголем број од Германија. Мал е бројот од Балканот и токму затоа сега сакаме студентите од вашата земја да ги запознаеме и информираме за студирањето кај нас - вели Велден. Претставникот на Централноевропскиот универзитет во Унгарија, Евут ван дер Шафт, вели дека планираат освен со промоција студентите со своите студиски програми да ги запознаат преку медиумите. - Кај нас има само двајца македонски студенти, затоа што многу малку знаат за нашиот универзитет. Единствен начин досега преку кој се информираа беше интернетот, но годинава решивме да ги запознаеме со студиите преку промоција по средните училиштата. Досега посетивме четири - рече Шафт. НАЈЕВТИНИ СТУДИИТЕ ЗА ФАРМЕРСТВО На саемот се претставија и нашите државни и приватни универзитети. Тие презентирајќи ги своите програми се обидуваа да ги привлечат студентите да студираат кај нив. Кај нас цената за студии за една година на Државните универзитети изнесува од 100 до 1.200 евра за студентите во државна квота во зависност на кој факултет се запишуваат. Студентите што се во државната квота на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје плаќаат од 100 до 400 евра, а од тие што студираат со кофинансирање најскапо плаќаат на Медицинскиот факултет - 1.200 евра. Студентите што не се во државна квота на Фармацевтскиот и на Стоматолошкиот факултет плаќаат по 1.000 евра, на Факултетот за информатички технологии 980 евра, по 800 се плаќа на Правниот и на уметничките факултети, а 600 на Економскиот факултет. Најевтино е на класичните студии - 250 евра. На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола студентите плаќаат од 300 до 1.000 евра. Најскапи, по 1.000 евра, се студиите за безбедност, финансиска контрола, Факултетот за туризам во Охрид и Полициската академија во Скопје. Најевтино, 300 евра, чини студирањето на тригодишните студии за фармерско производство. На штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ студентите плаќаат од 200 до 500 евра. |
| < Претходно | Следно > |
|---|






Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .