| ФОН ќе дава попусти и на средношколците што не се одлични |
| 10.04.2009. | |
Првиот приватен универзитет ФОН годинава ќе дава попусти за студирање и на средношколците што не се одлични. Но, и тие ќе имаат можност да добијат стипендија ако во прва година од студирањето постигнат успех и одреден просек кој ќе го пропише ФОН.„Многу добрите и одличните ученици ќе имаат одреден попуст, во зависност од тоа колкав просек ќе имаат при завршувањето на средното училиште. Тој попуст ќе се движи од 200 до 800 евра, повторно во зависност од квалитетот на децата“, изјави Сефер Цановски. „Нема да се полага приемен испит, туку уписот на ФОН Универзитетот ќе се базира врз оценките од средното училиште“, додаде Цаноски. И годинава најдобрите 50 матуранти ќе бидат целосно стипендирани од 50 компании, а уште 250 ученици ќе добијат делумна стипендија. На Универзитетот поради добрите услови студираат и многу познати личности. „Со оглед на тоа што не можам да бидам редовен студент, обврските тоа не ми го дозволуваат, овој универзитет ми понуди подобри услови, со смисла на поголемо разбирање од страна на професорите“, рече Каролина Гочева. „Самата програма е многу квалитетна и професорите се многу млади“, рече Вели Мумин, боксер. „Ние го одбравме ФОН бидејќи знаеме какви услови нуди, сите мои колеги од репрезентацијата се презадоволни што се запишавме тука“, вели Наумче Мојсовски, ракометар. ФОН е еден од двата универзитети кои ги обучуваат наставниците како да ги користат компјутерите во наставната програма. Обучуваат дури 4.000 наставници од 66 училишта, од вкупно 93, колку што ги има во Македонија. „Ние издадовме и книга за „Едубунту“ програмата и „Опен Офис“. Книгата се дели на наставниците и служи како помагало при нивното слушање на наставата, а истиот материјал ќе им служи и при предавањата, обуката на наставниците за основните нивоа е веќе започната. Втората фаза опфаќа специјализирана обука за физика, хемија, информатика, латински, музичко образование“, изјави доцент д-р Иван Краљевски, координатор на програмата за обука. ФОН е еден од универзитетите кои се претставија на годинешниот саем за образование. |
| < Претходно | Следно > |
|---|


Првиот приватен универзитет ФОН годинава ќе дава попусти за студирање и на средношколците што не се одлични. Но, и тие ќе имаат можност да добијат стипендија ако во прва година од студирањето постигнат успех и одреден просек кој ќе го пропише ФОН.



Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .