|
УЈИЕ ќе соработува со Политехничкиот факултет од Тирана |
|
14.04.2009. |
Универзитетот на југоисточна Европа од Тетово денеска потпиша договор за соработка со Политехничкиот факултет во Тирана.
Според ректорите Алајдин Абази и Јорган Кочани потпишувањето на овој договор е круна на неколкугодишната соработка меѓу двата универзитета. Освен разменувањето на искуства за покачување на нивото во образованието, двата универзитета ќе соработуваат и во заеднички научно-истражувачки проекти.
„Со други зборови, иако имавме договор со Универзитетот од Тирана кој
воглавно се базираше на социјално-економското поле, сега одлучивме да
преминеме во полето на информативната технологија, но и во
инженерството во случај ако одлучиме да отвориме некоја студиска
програма, се разбира во соработка со Политехничкиот факултет“ изјави
Абази.
„Соработуваме во полето на составување заеднички проекти кои покрај
зголемувањето на квалитетот на изведување на наставата, присутни се и
во многу потребните научно-истражувачки проекти каде инженерските
придонеси се недискутабилни, одлучувачки, клучни за зголемување на
економските нивоа, не само во нашите, туку и во развиените земји“ рече
Кочани.
|