|
Универзитетски професор примил мито од 600 евра |
|
4.05.2009. |
Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, односно на Катедрата по англиски јазик и книжевност по предметот граматика на англиски јазик – лексикологија, осомничен е за примање поткуп во износ од 600 евра. Според МВР, редовниот професор Љ.С. (59) ги примил парите од студентка во трета година што требало да полага испит кај него.
Една од студентките неколку пати го полагала испитот кај него, па побарала консултации.
Професорот одговорил дека може да го положи испитот, а за да не запише повторно иста година и да плати 250 евра, парите да му ги даде нему. За три одржани консултации студентката требало да му плати по 80 евра. Кога го положила писмениот дел, повторно отишла кај професорот на консултации, а тој и' ги дал прашањата за усниот дел.
Тогаш Љ.С. и' рекол дека многу се изнамачил со неа и дека ќе треба да
му плати 500 евра, но кога таа се побунила, тој ја покачил цената на
600 евра, а потоа и' го дал и бројот на мобилниот телефон. Студентката
во средата дошла во кабинетот на полагање, кое било позитивно оценето,
при тоа му дала 10 банкноти од по 50 евра и една банкнота од 100 евра.
Земените пари претходно биле крим-технички обработени во полицијата,
која при извршен претрес ги нашла девизите кај професорот
|