| Доделени визи за најдобрите студенти |
| 20.07.2009. | |
Најдобрите 18 студенти од завршните години на факултетите низ Македонија добија бесплатни шенген-визи за патување низ Европа„Целта на проектот ’Патуваме во Европа’ е 18 членки од Македонија преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските предности, навики и култури на другите земји и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија“, изјавија од Граѓанската асоцијација МОСТ, што го организираат овој проект. Таа ги очекува и студентските аспекти за нејзината држава. Им додели и посебни бележници за да ги запишат нивните впечатоци, за кои, како што рече, „ќе им одземе малку време од нивното патување“. „Ова ќе биде убаво искуство, нови знаења, изучување на јазиците и културите на другите земји различни од нашата“, рече Виолета Стојаноска, студент од Медицинскиот факултет во Скопје и еден од студентите кои ќе патуваат во Европа, додавајќи дека досега не патувала во Европа. Конкурсот беше отворен за сите студенти од завршните години кои се со просек 8,5. 18-те студенти добија и осигурување од Сава Табак, пари од НЛБ Тутунска банка, а попусти во текот на своето патување ќе можат да искористат со ISIC картичката донирана од Аурора Турс. |
| < Претходно | Следно > |
|---|





Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .