| Милион евра месечен прилив образованието дава на стопанството во Штип |
| 28.12.2009. | |
![]() Милион евра месечен прилив образованието дава на стопанството во Штип и регионов. Најголем дел го носат 500 те вработени и десет илјади студенти од најмладиот македонски универзитет со седиште во Штип, Гоце Делчев. Со ваков темпо на раст, реална е можноста предвидуваат економските анализи, со години доминантниот текстил набргу да го отстапи приматот на универзитетот како основен профитабилен столб во овдешното стопанство. Свесни за брзото темпо на развој и можностите, ректоратот бара повеќе разбирање од локалните власти.
2000 станови со промена на деталниот урбанистички план за студентите наскоро ќе се градат. Ова е прв од низата одговори на локалната самоуправа по барањето на универзитетот. Со седум милиони евра месечно во касата на овдешното стопанство, текстилот останува примарен во економијата од регионов, но не за долго. Образованието сериозно му дише во врат. |
| < Претходно | Следно > |
|---|






Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .