|
За идните правници Законот за правосуден е дискриминаторски |
|
29.12.2009. |
Не е во ред да мораме да станеме магистри на правни науки за да можеме да го полагаме правосудниот испит, реагираат од Студентскиот парламент на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ). Од новопредложениот закон за правосуден испит се незадоволни студентите, на кои не им е јасно зошто мора да магистрираат за да добијат право да го полагаат овој испит.
- Најспорен е членот 5 од Законот, во кој се вели дека на студенти што студирале по Европски кредит-трансфер систем, потребни им се 300 кредити односно диплома мастер. Дискриминирани сме оти нашите колеги што студирале по старата програма, односно со 240 кредити, можат да полагаат правосуден, а ние, пак, мора да станеме магистри за да се стекнеме со тоа право - вели Иван Живковски, претседател на Студентскиот парламент.
Според членовите на СПУКМ, ако Законот остане во ваква форма, студентот многу полесно ќе може да заврши медицински факултет одошто правен факултет.
„Ако се има предвид дека петгодишни студии во просек еден студент ги завршува за шест години. Ако на тоа додадете плус една година работа во администрација, и плус година и пол до две за подготовката на правосудниот испит, и плус ако се смета времето од две години поминати на Академија за судии и јавни обвинители, тогаш слободно може да се констатира дека многу полесно може да се заврши медицина и да се специјализира во некоја област, отколку да се стане адвокат или судија“, се вели во реакцијата на СПУК
|