| Во Прага се одбележува 41 година од смртта на Јан Палах |
| 21.01.2010. | |
Во Прага вечерва ќе се одбележи 41-годишнината од смртта на прашкиот студент, Јан Палах, кој на 16 јануари 1969 се самозапали на централниот плоштад во Прага Вацлавске Намести, како протест поради советската окупација на тогашна Чехословачка, јавува дописникот на Нетпрес од Прага. Дваесетгодишниот студент, кој стана симбол на чешкиот отпор почина три дена подоцна. Во киното Аеро за вечерва е планирана филмска проекција на документарен филм. Во чешкиот сенат деновиве беше организирана изложба на фотографии од погребот на Палах организиран на 25 јануари 1969, на кој присуствуваа илјадници граѓани на Прага. Инаку, во саботата 41 година од самозапалувањето на Палах беше одбележана во неговиот роден град Вшетати. На манифестацијата што традиционално ја организира организацијата “Јан Палах” зборуваше и професорот на филозофскиот факултет Франтишек Черни кој бил професор во времето додека Палах студирал. “Паметам дека со синот му однесовме допис со поддршка од целиот факултет во болницата. Палах со овој чин протестираше против тогашната политичка ситуација. Кога ќе ги видам сегашните анкети и колку луѓето се задоволни со сегашната политика можеби и денеска тој не би бил среќен,” рече Черни. |
| < Претходно | Следно > |
|---|


Во Прага вечерва ќе се одбележи 41-годишнината од смртта на прашкиот студент, Јан Палах, кој на 16 јануари 1969 се самозапали на централниот плоштад во Прага Вацлавске Намести, како протест поради советската окупација на тогашна Чехословачка, јавува дописникот на Нетпрес од Прага. Дваесетгодишниот студент, кој стана симбол на чешкиот отпор почина три дена подоцна. 


Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .