| Студентски бараки за резил |
| 22.03.2010. | |
|
Бараките што се дел од Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје се распаѓаат. Студентите сместени во овие бараки живеат со мизерни услови. Собите смрдат на мувла, прозорците и вратите не се затвораат... но, најстрашно е во тоалетите. Тие се вистинска закана за здравјето и потенцијален извор на зараза. Во ова можеше да се увери и ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, кој во саботата го посети овој студентски дом, при што беше згрозен од она што го виде на самото место. извор: Утрински |
| < Претходно | Следно > |
|---|







Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .