Трибина за воведување реформи во системот на студентско организирање најавена е за денеска од страна на Младинскиот образовен форум [МОФ].
На трибината ќе земат учество претставници од сите студентски сојузи на сите државни и приватни универзитети во Р. Македонија како и претставници на најрелевантните студентски организации кои делуваат на високообразовните институции.
Со овој настан МОФ изложува конструктивна критика на реформирањето на високото образование во соодветните институции во Република Македонија.
Извор: Макфакс