| Студентски саем за вработување и кариера |
| 8.04.2010. | |
|
Студентската организација БЕСТ од Скопје (Борд на европски студенти по технологија) вчера и денеска го организира Шестиот саем за вработување и кариера. Саемот се одржува во холот на Машински факултет и во Факултетот за електротехника и информациски технологии. Најдобрите македонски и интернационални компании пред студентите ќе имаат свои презентации и интервјуа на кои апликантите ќе може да го остават своето си-ви и да ја почнат својата кариера. Свои штандови ќе имаат компаниите „Проктер и Гембл“, „Јуропиан патент офис“, ЕВН, „Сивус“ и други. - Со помош на досегашните пет саеми за вработување или стручна пракса многу студенти од Македонија успеаја да ја пронајдат својата професија - изјави Елена Иванова, одговорна за односи со јавноста. БЕСТ е интернационална студентска организација на универзитетско ниво, која постои во 30 земји на 81 универзитет. Во Македонија работи осум години. dnevnik.com.mk |
| < Претходно | Следно > |
|---|





Целта на порталот како прв и единствен од ваков вид во Македонија е да им даде целосна и вистинита информација на сите баратели но и потенцијални корисници на стипендии , доделени во Македонија или од странство .